Одговараат од Агенцијата за заштита на личните податоци.
Објавувањето на фотографии и видеа на интернет не е само по себе прекршување на Законот за заштита на личните податоци, но мора да се почитува правото на приватност. Доколку на сликите или снимките јасно се идентификуваат лица, потребна е нивна информирана согласност пред објавување, освен ако тоа не е оправдано со јавниот интерес. Фотографиите и видеата кои треба да се објават или комерцијално да се искористат треба да се обработуваат само за конкретна, јасна и легитимна цел за која се собрани. Доколку не е можно да се добие согласност, препорачливо е да се анонимизираат лицата, на пример, со заматување на ликовите за да не може да се идентификуваат физичките лица при објавување на интернет.