Кој има право да фотографира и снима во јавност и под кои услови?

Одговараат од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Фотографирањето и снимањето на јавни места е дозволено ако лицата на сликите се дел од амбиентот и не се главен фокус. Доколку сликите или видеата се користат исклучиво за лични цели, Законот за заштита на личните податоци не се применува. Сепак, ако снимките се обработуваат, објавуваат или користат за комерцијални или други цели, тогаш Законот станува применлив. Во такви случаи, потребна е согласност од лицата кои можат да се идентификуваат. Исто така, посебна внимателност е потребна при снимање на деца или лица кои се наоѓаат во специфични околности.