fbpx

Која физичка активност не се препорачува за луѓето со срцеви проблеми?

Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Кај болните со посериозно оштетување на срцевата функција, односно на пумпата со срцева слабост каде што веќе способноста на мускулот е намалена дали заради претходно прележан инфаркт, дали е заради проширување на срцето или заради проблем со срцевите клапни или долгогодишно делување на високиот притисок кај нив одредени вежби може да се контрапродуктивни, односно да ја влошуваат функцијата на срцето. Тоа се така наречените изомтерични вежби каде што има стегање на повеќе мускулни групи кои што доведуваат до зголемување на крвниот притисок затоа што при физички вежби како на пример што се склековите, каде што целата телесна мускулатура е во грч крвните садови се стегнати, притисокот се зголемува и тоа доведува до оптеретување на срцето, преку зголемување на притисоците внатре во срцето. Значи, на тој начин имаме негативен ефект на работата на срцето што не сакаме.

Ние сакаме физичката активност да има корист, бенефит да ја подобрува срцевата функција. Вежби каде што имаме задржување на воздухот како на пример еве пливањето значи е поголем интензитет на напор каде што се активни повеќе мускули рацете, нозете, стомакот, грбот. Кај пациентите со слабо срце се препорачуваат аеробни вежби, фитнес, вежби во вода. Значи не да пливаат туку во вода да вежбаат со движење на рацете, на нозете. На пример, нуркањето не само што не се препорачува може да биде опасно затоа што задржувањето на воздух може да доведе до пореметување на работата на срцето, појава на аритмии, па и престанок на работата на срцет . Затоа овие болни не треба да се изложуваат на такви активности. Качување по планини, поголем физички напор исто така не се препорачува затоа што може да доведе до влошување на состојбата и лошо се заврши по пациентот.