Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
По ставање на стентови заради запушувања, односно стеснување на артериите се воспоставува нормален проток на крвта. Ние велиме дека сега пациентот има добар дотур на крв за мускулот да функционира. Прашањето е дали претходно дошло до оштетување на мускулот? Ако пациентот имал инфаркт каде што дел од мускулот некое време, може да биде и неколку саати бил без дотур на крв тоа доведува до оштетување на мускулот. Во зависност колкав дел од мускулот е оштетен треба да се процени каква е сега новата здравствена состојба на пациентот и да се процени кога да се отпочне со физичка активност. Во принцип таму каде што немаме оштетување каде што сме констатирале дека таму има стеснување на артерија, дијагностицирано на ехо, стрес тест или заради болки кај пациентот сме воспоставиле нормален проток на крв, пумпата е здрава велиме после две-три недели пациентот се враќа во нормална физичка активност. Активноста што ја практикувал пред да се случи настанот и после тоа постепено со зголемување на оптеретувањата, времетраење на вежбите, со препорачаното ниво од 30 минути физичка активност дневно односно 50 минути минимум во неделата.
Е сега, што со пациентите коишто на пример имаат хируршка интервенција операција каде што имаме сечена на градната коска. Потребна е времена рехабилитација којашто трае четири, шест до осум недели период во кој коската заздравува организмот постепено се опоравува од самата операција, но од проблемите кои претходеле на операцијата затоа што да дојде пациентот до операција имал претходно здравствен проблем кој што можеби траел со години. Затоа периодот на рехабилитација се води под контрола на стручен тим, доктор, екипа која што ја следи состојбата постепено го зголемува оптеретувањето и намерата е во некој период од шест до осум недели пациентот да се врати во нормална физичка активност и потоа постепено да се кондиционира да го постигне тој некој оптимум неделен, нормално према неговите можности во зависност колку е неговото здравје, односно неговото срце сега е оштетено. Целта е секој болен да практикува физичка активност затоа што колку и да е мала физичката активност таа е од корист за кардиоваскуларното здравје да се задржи на тоа ниво на кое што стигнал после интервенцијата и по можност дури да имаме и подобрување. Односно да се подобри здравствената состојба со физичка активност.