Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Во целата процедура на лекување на инфертилитетот всушност e една од многу битните промени кои што се имаат случено е процесот на ин витро фертилизација. Тоа значи дека всушност докторите заедно со ембриолозите се мешаат во природниот циклус на пациентката. Значи тие ги добиваат јајните клетки со посебен след на постапки во надворешниот свет, тоа значи е вон телото на човекот затоа и се вика ин витро се оплодуваат. Тој ембрион кој ќе се создаде расте и постепено дали на третиот или петтиот ден на неговото оплодување, на оплодување на неговата јајна клетка се враќаат назад повторно во матката на пациентката каде што се очекува тој ембрион да се имплантира значи да се вгнезди во матката и да продолжи да расте како и секоја друга нормална спонтана настаната бременост.