Одговара Биљана Донковска Гечева од Народната банка на Република Северна Македонија.
Со членството во нашата земја во Единствената област на плаќања во евра (СЕПА) ќе се елиминираат разликите во трошоците во брзината и процесите на извршување на домашните и меѓународните плаќања во евра. Тоа значи дека граѓаните од нашата земја, компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во рамките на СЕПА областа по значително намалени трошоци и неколку кратно пониски во однос на кооресподентното банкарство. Ова е за особено значење за граѓаните од дијаспората, нивните семејства, но и компаниите кои секојдневно ги извршуваат овие плаќања. Исто така, плаќањата во СЕПА областа ќе се извршуваат и во многу пократки рокови. Најчесто во рамките на истиот работен ден, а брзите плаќања и до десет секунди.
Она што ги прави овие плаќања поедноставни за извршување и управување, но и посигурни е фактот дека сепак плаќањата се засновани на стандардизирани процедури на плаќања. Со еден намален сет на податоци и информации граѓаните и компаниите ќе ги извршуваат плаќањата и притоа со користење на број на сметка којшто е конструиран формиран во меѓународен стандард ќе се намалуваат и грешките при извршувања на овие плаќања. Оваа брзина, оваа едноставност на плаќањата секако дека ќе ја подигне и дигитализацијата на плаќањата воопшто кај граѓаните и компаниите во нашата земја, но ќе придонесе исто така и за помодерен посовремен и поевропски начин на плаќање којшто ќе им овозможи на граѓаните и компаниите секојдневно да ги извршуваат своите плаќања.