fbpx

Во која фаза е интегрирањето во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА)?

Одговара Игор Величковски од Народната банка на Република Северна Македонија.

Пристапувањето во СЕПА подразбира исполнување на голем број на услови поврзани со извршувањето на плаќањата и спречувањето на перење пари во овој контекст, кое што подразбира пренесување на голем број директиви и регулативи на Европската Унија во националното законодавство. За таа цел во изминатиот период интензивно работевме на ова поле што создаде основа да почнеме да ја презентираме нашата усогласеност со европското право пред институциите на Европската Унија, Европската Комисија и Европскиот совет за плаќање во однос на исполнувањето на барањата за пристапување во СЕПА.

Во изминатиот период подготвивме апликација во соработка со релевантните државни институции коешто во текот на април беше поднесена до Европската Комисија за добивање на неформално мислење. По добивањето на мислењето кое што може да значи и потреба за евентуално усогласување дополнително законодавство со барањето од законодавството на Европската Унија апликацијата ќе биде поднесена и формално до Европскиот Совет за плаќање со цел нејзина оценка и одлучување за нашето барање за пристапување во СЕПА областа.