Тони Менкиноски: Советот на Европа мора да наложи примена на пресудите од Стразбур

toni menkinoski sovetot na evropa mora da nalozi primena na presudite od strazbur 1„Се меркаат тука пред твојот поглед и се крстосуваат неразбирливо…“ – вака ја започнува својата песна патријархот на бугарската литература Иван Вазов во 1872 година, седејќи во Истанбул помеѓу џамијата „Јени“ и мостот „Галата“, а наречена „Една кратка од Цариград“. Тој ги скицира сите народи на Балканот, како што се Евреите, Ерменците, Бугарите, Грците и други,  а за Македонецот ќе напише – „Македонецот, правичен и чесен“.

И по толку изминато време од настанувањето на оваа поетска творба очигледно некои обележја не се сменети кај некои народи, но за среќа ние Македонците не сме ги напуштиле нашите принципи и доблести на праведност и искреност. Па така нашата борба „За Македонските работи“ никогаш не сме ја воделе на туѓа несреќа. За нас, македонското прашање не е проблем на Балканскиот полуостров и европскиот континент, напротив тоа претставува „решение за мир и добросостојба на Балканот и во Европа“! Обезбедување на основните човекови права на сите Македонци кои живеат на Балканот и треба да претставува крај на сите империјалистички политики од минатиот век и почеток на ново време на прогрес за сите соседни држави околу Македонија.

Легалната битка на Македонците за нивните права во изминативе дваесет години отвара нова димензија во која директно е засегната меѓународната заедница, особено институциите на Советот на Европа и Обединетите Нации. Овие мултилатерални организации сега се пред тест и треба да го оправдаат нивното постоење со тоа што пресудите кои Македонците ги имаат добиено треба да се имплементираат во легалните системи на Бугарија и Грција. Европскиот суд за човекови права во четиринаесет пресуди, почнувајќи од 2005 година ја осуди Бугарија дека на Македонците им го забранува правото на мирно собирање и создавање на свои организации преку кои ќе ја негуваат и афирмираат својата македонска национална посебност.

toni menkinoski sovetot na evropa mora da nalozi primena na presudite od strazbur featured 1Од протестот за судењето на Тони Менкиноски пред охридскиот Основен суд на 4 јули 2023 година (Извор: Нова Македонија)

Сега на потег е  Советот на Европа која треба недвосмислено и одлучно да наложи да се имплементираат пресудите кои Македонците ги извојуваа и добија пред Европскиот суд за човекови права. Македонците согласно одлуките на Судот во Стразбур имаат право слободно да се здружуваат и да ја изразуваат својата национална посебност  како Македонци, можат слободно да формираат политички партии и културно –  уметнички друштва како би ги оствариле своите права пред институциите на Бугарија и Грција. Во спротивно, секоја поинаква одлука на Советот на министри на Советот на Европа е рушење на Европската конвенција за заштита на човекови права, а која претставува услов или темел без кој не се може да се членува во оваа организација.

Една кратка порака од четиринаесет пресуди на Македонците ќе го тестира и постави на ревизија целиот систем на Советот на Европа кој е базиран на владеењето на правото и почитување на основните човекови права!

Прочитај го целото истражување „Вистина ли е дека Бугарија не признава етнички малцинства?