fbpx

Белчева: Одлуките во општина Центар се носат од личен интерес

Барања на мнозинството граѓани за поквалитетен живот се игнорираат, вели Јана Белчева која се повлече од позицијата претседавач на општина Центар бидејќи не се согласуваше со начинот на кој се носеа одлуките. Таа вели дека во Советот има мнозинство кое ги аминува сите одлуки на градоначалникот без никакви расправи и дискусии. За некоја општина да биде успешна клучно е да се ограничи влијанието на бизнисот врз квалитетот на живот на жителите на општината. Од Центар се очекуваше токму тоа, но не успеа, коментира Белчева.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Иван Поповиќ Монтажер: Борче Крстевски

Тагови: