Нови видеа од организирани борби меѓу малолетници во скопски Капиштец стигнуваат до нашата редакција. Борбата се наплаќала: 20 денари за гледање, 300 денари за снимање, велат родители на деца очевидци.
Министерот за образование Арбр Адеми не знае за организираните борби. МВР денеска не се произнесе со нови детали, но родителите на учениците во општина Центар велат дека полицијата ги известила училиштата за овие настани.
Види повеќе за истата тема: Гладијаторски борби меѓу малолетници во центарот на СкопјеСодржината ја изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со МТВ 1.
Новинарка: Катерина Топалова Снимател: Мухамед Хазири Монтажер: Александра Велјановска