fbpx

Две третини од општинските буџети се тајна за граѓаните

Ако сакате да дознаете како вашата општина ги троши парите кои по разни основи ги прибира од граѓаните, голема е веројатноста дека тешко да ги добиете овие информации. Само 26 од вкупно 81 единици на локалната самоуправа во Македонија го објавиле буџетот за 2017 година. Дури 18 општини не објавиле ниту еден документ поврзан со располагањето со парите на граѓаните. Меѓу нив се Неготино, Чаир, Сарај, Ново Село, Врапчиште, Арачиново, кои добиле оценка „нула“ (0) од Центарот за економски анализи (ЦЕА), кој ја оценува транспарентноста и отчетноста на општините.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со ЦЕА и фондацијата Метаморфозис

Тагови: