Професорката на Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ предупредува дека најавениот голем кружен тек до зградата на поранешна Нова Македонија е решение кое е застарено бидејќи на штета на пешаците сообраќајот се насочува во централното градско подрачје. Дополнителен проблем е што проектот кој го промовираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе зафати дел од постоечкиот Парк на новинарите и што на оваа локација е предвидено да се градат нови висококатници.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Мартин Пушевски| Снимател: Иван Поповиќ