На В. Британија и' биле потребни повеќе од два века за да го усоврши мерит-системот во јавната администрација. Сајмон Мекдоналд, постојан секретар на министерството за надворешни работи и Комонвелт на В. Британија ги објаснува трите основни принципи за професионална јавна администрација. Тоа се: непристрасност, работа од јавен интерес и личниот интегритет на јавниот службеник.