Половина година по разгорувањето на здравствената криза предизвикана од корона вирусот се’ уште нема протоколи за работа на голем број институции од културата. Филхармонијата и театарот „Комедија“ се единствените коишто сами предложиле протоколи и добиле дозвола за работа. Културните работници порачуваат дека корона вирусот не смее да ја замре новата сезона.
Новинарка: Ана Зафирова
Снимател: Сашо Доковски и Иван Поповиќ
Монтажер: Костадин Анастасов
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

