fbpx

Канализациски гејзери по секој пороен дожд во Куманово

Само неколку минути пороен дожд се доволни улиците во Куманово да се претворат во реки бидејќи едвај на 15 отсто од територијата на градот има атмосферска канализација. Поради недостигот од соодветна инфраструктура шахтите стануваат гејзери, а домовите и дуќаните често се поплавуваат. Надлежните велат дека интервенираат каде што можат и дека се потребни околу 150 милиони евра за решавање на инфраструктурните проблеми во општината. Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии Новинар: Елена Георгиевска Снимател и монтажер: Небојша Кипријановски

Тагови: