fbpx

Од расадник за таленти до срам за македонскиот ракомет

Во локви вода и поларни температури се принудени да тренираат ракометарите од клубовите во Битола поради несоодветното одржување на салата „Боро Чурлевски“. Недостигот од инвестиции во спортската инфраструктура и развојот на спортот се главните причини заради кои Битола го губи епитетот „град на ракометот“, по кој беше позната кога играчите од клубот „Пелистер“ го сочинуваа рбетот на македонската репрезентација. Сјајот од минатото сега е претворен во неизвесност дали ЕХФ воопшто ќе дозволи одржување на меѓународни натпревари во Битола.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар:Љубица Ангелкова Снимател и монтажер: Агим Џело

Тагови: