Речиси еден месец живеевме во двојна изборна кампања. На почетокот кандидатите некако срамежливо ги пласираа своите програми, а по втората недела работите почнаа да го добиваат својот вообичаен и очекуван тек – дисквалификации, навреди на идеолошка, но и лична основа, токсичност, партиски ботови и негативна кампања. Од септември лани Институтот за комуникациски студии спроведува обемно истражување кое на месечно ниво ги мери штетните наративи - ШТЕТ-НА. Медиумскиот мониторинг на штетните наративи на политичките партии и лидери во периодот септември 2023 – февруари 2024 покажува загрижувачки податоци за зачестеноста и интензитетот на штетните наративи во политиката. За овој извештај и за наодите до кои дојде тимот кој го изработува, разговараме со Бојан Георгиевски од ИКС и Елеонора Серафимовска од ИСППИ.
Што опфаќа овој извештај, каква е методологијата и на каков тип на вести се однесува? Што точно мери овој извештај и на кој начин?
-Тие се разликуваат, некои се дезинформации, некои се поттикнување недоверба или поделби во општествто, така што се работи и за напади кон личноста, за демонизација. Имаме околу 16 штетни наративи кои ги забележуваме дека се присутни, при што дел од тие 16 се присутни во оваа комуникација. Бројката е висока, но за жал, тоа е состојбата.Препознаваме 16 штетни наративи
Кој во најголема мерка е одговорен за ширење на штетните политички наративи? Дали се тоа самите политичари, медиумите, новинарите или сите заедно? Дали некогаш новинарите ги користат штетните наративи на политичарите да ги засилат истите преку свои анализи или интерпретации а во согласност со одредена уредувачка политика?
-Дефинитивно, политичките актери се тие кои ги произведуваат штетните наративи. Кај медиумите сме забележале дека тие најчесто само ги пренесуваат тие комуникации на политичките актери без да ги проверуваат, без да им пристапат критички. Се работи за пренесување на соопштенија или изјави на политичари. Без разлика дали тие содржат многу штетни наративи, тие се пренесени од медиумите како „копи пејст“. Медиумите се само канал на пренос, но некритички, што само по себе е штетно. Дури и да е штетно тие не интервенираат и во ситуации кога треба да интервенираат, кога се свесни дека тоа ќе предизвика некаква штета во јавниот дискурс.Политичките актери ги произведуваат, медиумите ги шират
Кои стратегии ги употребуваат политичките партии и лидери во обидите да се дисквалификува политичкиот противник? Покрај директните лични напади и дисквалификации по возраст, пол, етничка припадност итн., постојат ли други генерални стратегии кои се употребуваат?
-Имаме индикатори за штетните наративи, дефиниравме 16 типови на штетни наративи и толку индикатори имаме. Така, еден е говор на омраза, друг е сексизам, напади на личност на основа ад хоминем.Од напади ад хоминем до сексизам
Кои се професионалните новинарски стандарди кои се очекува да се исполнат со цел една вест да биде сметана за целосна, објективна и да не биде еднострана? Што е она што мора да се запази како новинарски минимум со цел да се избегне пристрасност и наклонетост кон одредена партија, политичка структура или центар на моќ?
-Новинарите го знаат тоа, тоа им е основата на нивната работа, дека мора да обезбедаат повеќе од еден извор и не само повеќе извори, туку повеќе страни на изворите и тоа е некаков минимум што тие го познаваат и верувам дека се трудат. Бидејќи ако гледаме на едно генерално ниво, најмногу телевизии употребуваат повеќе од три извори и повеќе од две страни. Тоа го има. Има некаков минимум. Можеби отскокнува една телевизија или две, кои тоа го прават еднострано. Но, ако генерално ја гледате сликата сите се трудат да ја постигнат таа повеќестраност.Сите медиуми се трудат да обезбедат повеќестраност
На кои сфери на политичкото делување се однесуваат штетните наративи? Што е во фокусот на овие наративи? Корупција, сиромаштија, внатрешна или надворешна политика, меѓуетнички односи или сосема други теми? На кратко, што е она што „пали“ кај публиката?
-Секогаш кога е основано подривањето на довербата, ние тоа не го гледаме како штетен наратив, тоа не го ставаме. Тоа така и треба. Ако судството не ни чини, а не ни чини, на пример, ние не можеме да криеме, политичрите нема да кријат. Не секое обвинување го сметаме за штетен наратив. Само она кое неосновано или не е докажано го велиме дека е штетен наратив. Тоа најмногу го употребуваат политичките партии кога неосновано ја подриваат довербата во институциите. Тука се ставени и медиумите како еден многу битен сегмент.Основаната критика не е штетен наратив
Целиот поткаст „ Токсично, потоксично – кампања!“ Може да го слушнете тука.