fbpx

Полноќна забава на фабриките во Скопје

Со години скопјани се жалат на непријатна миризба, реа и облаци од прашина од големите индустриски капацитети кои за жал се изградени сред урбана средина каде што живеат стотици илјади граѓани. Без да се навлегува во прашањето колку овие капацитети ги почитуваат законските стандарди за заштита на животната средина, објективот на нашата камера успеа да долови како некои од нив работат со полна пареа во доцните вечерни часови.

Видеата се снимени од 22 до 25 ноември 2018.

Капацитетите во кругот на некогашната скопска Железарница наликуваат на фабрики за полноќни облаци

Оџаците на Цементарница Усје не престануваат да чадат ниту по полноќ и доминираат во однос на околината, а производството на цемент изгледа како роботизран процес во Јапонија

Затоплувањето на Скопје со парно греење не е едноставна работа, а тоа се гледа и по работењето на топланата во Аеродром која поради водената пареа е како парна локомотива и работи и во доцните вечерни часови

Содржините ги изработи Институтот за комуникациски студии. Видео и фотографија: Томислав Георгиев

Тагови: