Ширењето на корона вирусот беше придружено со наплив на информации од кои некои вистините, а некои не. Светската здравствена организација (СЗО) ова го нарече „инфодемија“ со оглед на фактот дека неточните или погрешни информации се шират побрзо од вирусот. За да го олесни пристапот до навремени и веродостојни информации, СЗО ги идентификуваше најчестите гласини за корона вирусот и ги поби со факти. Прочитајте кои се најчестите митови за корона вирусот.
Коронавирусот се лечи. Ако се заразите со новиот коронавирус НЕ значи дека ќе го имате цел живот.
Способноста да се задржи здивот 10 или повеќе секунди без кашлање или чувство на непријатност НЕ значи дека немате коронавирус или друга болест на белите дробови.
Најчестите симптоми на СОВИД-19 се сува кашлица, умор и треска. Некои луѓе може да развијат потешки форми на болеста, како што е пневмонија. Најдобар начин да потврдите дали имате корона вирус е со лабораториски тест. Дали имате коронавирус не можете да потврдите со оваа вежба за дишење, што може дури и да биде опасна.
Пиењето алкохол не штити од COVID-19 и може да биде опасно
Честатo или прекумернo конзумирање на алкохол може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми.
Коронавирусот може да се пренесе во подрачја со топла и влажна клима
Од она што е досега познато, корона вирусот може да се пренесе во СИТЕ ПОДРАЧЈА, вклучително и оние со топла и влажна клима. Без разлика на климата, користете заштитни мерки ако патувате или ако живеете во подрачје во кое е пријавено присуство на вирусот. Најдобар начин да се заштитите себеси од коронавирусот е честото чистење на рацете, со што ги елиминираме вирусите кои се наоѓаат на рацете и избегнуваме инфекции до кои би можело да дојде ако се допираме за око, уста или нос.
Жешка купка во када не го спречува коронавирусот
Жешката купка нема да спречи да се заразите со коронавирус. Нормалната телесна температура кај човекот е 36,5°C до 37°C, без разлика на температурата на купката или на тушот. Всушност, купката во случаи на екстремно топло време може да биде и штетна, оти може да ве изгори. Најдобар начин да се заштитите себеси од коронавирусот е честото чистење на рацете, со што ги елиминираме вирусите кои се наоѓаат на рацете и избегнуваме инфекции до кои би можело да дојде ако се допираме за око, уста или нос.
Новиот коронавирус НЕ МОЖЕ да се пренесе со каснување од комарец.
Не постојат информации ниту докази кои упатуваат на тоа дека комарците се преносители на коронавирусот. Новиот коронавирус е респираторен вирус кој се шири првенствено преку капки, кога заразеното лице кашла или кивнува, или преку капки од плунката или од носот. Најдобар начин да се заштитите себеси од коронавирусот е честото чистење на рацете или нивно миење со сапун и вода. Исто така, избегнувајте блиски контакти со секого кој кашла или кива.
Дали сушачите за раце го убиваат новиот коронавирус?
Не. Сушачите на раце не го убиваат новиот коронавирус. Најдобар начин да се заштитите себеси од коронавирусот е честото чистење на рацете со триење на база на алкохол или нивно миење со сапун и вода. Откако ќе бидат чисти, исушете ги темелно со тоалетна хартија или со топол воздух.
Дали ултравиолетавата ламба за дезинфекција го убива новиот коронавирус?
УВ ламбите не треба да се користат за стерилизирање на раце или други делови од кожата, затоа што УВ зрачењето може да доведе до иритација на кожата.
Колку се ефикасни термалните скенери во откривањето луѓе заразени со новиот вирус?
Термалните скенери се ефикасни во откривањето луѓе кои имаат температура (уште се нарекува треска т.е. температура повисока од нормалната телесна температура) поради заразеност со новиот коронавирус.
Сепак, овие скенери не можат да ги откријат луѓето кои се заразени но сè уште немаат температура, од причина што требаат 2 до 10 дена пред заразените лица да станат болни и да имаат покачена температура.
Дали вакцините против пневмонија нè штитат од новиот коронавирус?
Не. Вакцините против пневмонија, како што се вакцината пневмокока и хемофилус инфлуенца тип Б (HiB) вакцината не се заштита од новиот коронавирус.
Вирусот е толку нов и поинаков, што е потребна посебна вакцина за него. Научниците се обидуваат да ја развијат а СЗО ги поддржува во нивните напори.
Иако овие вакцини не се ефикасни против коронавиросуот, силно се препорачува вакцините против респираторни болести за да го заштитиме нашето здравје.
Дали редовното измивање на носот со сол може да помогне во спречување на инфекцијата со новиот коронавирус?
Не. Нема докази дека редовното измивање на носот со сол ги има заштитено луѓето од зараза со новиот корона вирус.
Има некои ограничени докази дека редовното измивање на носот со сол би им помогнало на луѓето да се опорават побрзо отколку што е тоа случај кај обичната настинка. Сепак, за редовното измивање на носот не е докажано дека ги спречува респираторните инфекции.
Дали јадењето лук може да ја спречи инфекцијата со новиот коронавирус?
Лукот е здрава храна која има некои антимикробски својства, но нема докази од сегашнава епидемија дека јадењето лук ги заштитило луѓето од новиот коронавирус.
Дали новиот коронавирус ги засега постарите луѓе, или и младите луѓе се исто така подложни на вирусот?
Луѓе од сите возрасти можат да се заразат со новиот коронавирус. Постарите лица и оние кои имаат претходни здравствени проблеми (како што се астма, дијабетес, срцеви болести) се чини дека се позагрозени на тоа да станат сериозно болни од овој вирус.
СЗО ги советува луѓето од сите возрасти да преземат чекори да се заштитат себеси од вирусот, на пример, преку водење сметка за добра хигиена на рацете и добра респираторна хигиена.
Дали антибиотиците се ефективни во спречувањето и лекувањето на новиот коронавирус?
Не. Антибиотиците не делуваат против вируси, туку само против бактерии.
Новиот коронавирус е вирус, така што не треба да се користат антибиотици како средство за превенција или лекување.
Сепак, ако ве хоспитализирале за коронавирус, можно е да ви даваат антибиотици затоа што се можни дополнителни бактериски инфекции.
Дали има конкретен лек за спречување или лекување на новиот коронавирус?
До денес не постои медицински препорачан лек со кој би се спречил или лекувал новиот коронавирус.
Сепак, лицата кои се заразени со овој вирус треба да добијат соодветна нега за олеснување на лекување на симптомите а оние кои се сериозно болни треба да примаат оптимизирана помошна нега. Се прават тековни истражувања во однос на одредени третмани кои ќе бидат тестирани преку клинички испитувања. СЗО помага во тоа да се забрзаат активностите за истражување и развој кај повеќе партнери.
Извор: Светска здравствена организација (СЗО)
“This translation was not created by the World Health Organization (WHO). WHO is not responsible for the content or accuracy of this translation. Coronavirus disease (COVID-19) advice for the public: Myth busters. Geneva: World Health Organization; [2020]. Licence: CC BY-NC-SA 3.0 IGO” shall be the binding and authentic edition”