fbpx

Се враќаат полни со пари, но и со трауми

По неколкугодишна пауза во Куманово повторно заживеа трендот на одење на печалба во воените бази во Авганистан и во Ирак. Кумановци најчесто се вработуваат како физички работници, готвачи и водоинсталатери, а платите во зависност од работното место се движат од 2.000 до 8.000 долари.

Иако нема официјална бројка се проценува дека околу 10.000 лица од кумановско работат во овие ризични подрачја, каде што животот нема висока цена. Повратниците раскажуваат различни искуства, а заедничко за сите е што решиле да заминат поради неподносливата немаштија во земјава.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Елена Георгиевска Снимател: Небојша Кипријановски

Тагови: