Во Куманово, Крива Паланка и Кратово нема ниту една книжарница и поради тоа тие што сакаат да ја прочитаат или да ја купат на подарок посакуваната книга се принудени да се снаоѓаат на најразлични начини. Ова е првата сторија од серијалот што во идниот период ќе ги објави Институтот за комуникациски студии со цел да укаже на проблемите со кои се среќаваат граѓаните во помалите градови во земјава.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Елена Георгиевска Снимател: Небојша Кипријановски