Актуелниот план за изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“ предвидува само еден јавен пристап, за разлика од плоштадот Македонија кој има десетина. Граѓанските активисти преку дописи до градоначалниците Саша Богдановиќ и Петре Шилегов и до министерот за транспорт Благој Бочварски побараа да се стопира планот за да се заштити јавниот интерес. Тие велат дека сега е моментот да се демонстрираат декларативните заложби за зелен, отпорен и велосипедски град, бидејќи ни е потребен отворен, а не забарикадиран, небезбеден и неинклузивен простор спротивен на одржливиот развој.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Мартин Пушевски Снимател: Иван Поповиќ Монтажер: Борче Крстевски