Во јавната администрација со години има околу 3.500 лица со договори за времено ангажирање. Според Центарот за управување со промени кој ги истражува обемот на вработувања во јавниот сектор од 2012-2016 г., тие често се трансформираат во трајни вработувања без притоа да има конкурси на кои може да се пријават и други луѓе. Вакви најголеми „работодавци“ се општините. Професорите по административно право и јавна администрација препознаваат параван за партиски вработувања.
Новата Влада најавува дека до крајот на годинава ќе има јасна статистика за обемот и рационалноста на вработувањата во јавниот сектор.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Центарот за управување со промени