fbpx

Дали е можно продолжување на договор за вработување после 64 старост и на кој начин?

Одговара Мирјанка Алексeвска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.

Доколку станува збор за лице кое согласно закон има остварено пензија, нема пречка истиот да работи со договор за вработување. Но, притоа треба да се имаат предвид дека пензионер којшто работи со договор за вработување на истиот согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, поточно членот 148 за време додека е во работен однос, му се запира исплатата на пензијата.