Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според Законот за работните односи работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство започнала со работа кај работодавачот со има право на платена пауза во текот на работното време за да го дои детето. Во Законот за работните односи е предвидено дека паузата може да се одреди дури по два часа работа и најдоцна три часа пред крајот на работното време.