fbpx

Дали е точно дека некој алкохол може да биде корисен за срцето?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Многу студии се направија за да најдеме корисен ефект од пиење на алкохолот. Објаснување дека влијае на холестеролот, го намалува нивото на штетниот холестерол, го зголемува нивото на корисниот холестерол. Дури еден одреден период официјалната медицина го препорачуваше како превенција од кардиоваскуларни заболувања, меѓутоа по децении студии, дебати, разменување на мислења актуелниот став е дека можната корист од алкохолот е далеку помала од можната штета. И затоа официјалниот став на кардиолошките асоцијации сега е немојте да пиете алкохол за да си го подобрите здравјето или да си го зачувате здравјето. Значи, не се препорачува како лек, ниту како превенција.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.