Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Слип апнеата е малку покомлексна од рчењето затоа што тука зборуваме за состојби на паузи во дишењето подолги од тоа што е физиолошки нормално. Нормално ние кога спиеме, па и во текот на денот ние свесно не го контролираме дишењето. Тоа е активност која се одвива без наша волна контрола, рецепторите во мозокот регистрираат концентрација на кислород, јаглерод диоксид во крвта. Врз основа на тоа испраќаат импулси и ние вдишуваме и издишуваме.
Кај слип апнеата затајува тој механизам и има подолги паузи, подолги концентрации на јаглерод диоксид за да го разбудат центарот да предизвика импулс на вдишување. Гојазноста е таа што допринесува за да дојде до тој феномен. Проблем многу важен затоа што не одеднаш, меѓутоа тоа со тек на време предизвикува токму проблеми на кардиоваскуларниот систем односно зголемување на крвниот притисок. задебелување на срцевиот мускул појава на неправилности во работата на срцето, односно аритмија така што слип апнеата само по себе е ризик за сите овие кардиоваскуларни заболувања.