Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според Законот за работните односи и општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата утврдени со закон и колективен договор, односно за смрт на член на неговото семејство. Во општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството е предвидено дека во случај на смрт на сопруг, сопруга, родители и деца коишто живеат во иста семејна заедница работникот има право на надомест во висина од две основици. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.