fbpx

Дали лицата кои имаат срцеви заболувања смеат да консумираат алкохол?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Кај здрав човек доколку се внесува неумерено ќе доведе до оштетување срцето и крвните садови. Таму каде што веќе постои оштетување дејството на алкохолот е поизразено. Таму каде што е веќе начнато каде што не функционира тоа што треба, алкохолот дополнително ќе ја влоши состојбата. Затоа велиме пациентите коишто веќе имаат кардиоваскуларни заболувања тоа се пациентите со хипертензија висок притисок, хиперлипидемија, не значи само инфаркт на срцето. Хипертензијата и зголемените масти се ризик фактор за развој на артеосклероза што доведува до појава на инфаркт. Така да алкохолот веќе во комбинација со високиот притисок и мастите има повеќе кратко штетно влијание на здравјето. И затоа треба индивидуално секој пациент да биде проценет од својот доктор нормално и да биде советуван дали смее да пие алкохол и која е таа количина што не би му претставувало проблем во смисла да му го влошува здравјето.

Зошто е тоа така? Еве, имаме пациенти со коронарна болест, градни болки, успеваме на време да ја отвориме артеријата, да поставиме стент со тоа се обновува крвотокот. Велиме сега пациентот е способен како и претходно. Меѓутоа не дошло до оштетување на мускулот. Значи пумпата е здрава нема намалена моќ. Пациентите со инфаркт. Инфарктот по дефиниција значи оштетување на дел од мускулот, значи дел од мускулот одумира. Е сега, зависно колкав дел од мускулот е оштетен се разликува здравствената состојба на пациентот. Ако е тоа минорно оштетување пумплантна  моќ е добра велиме имал среќа. Народски се вели имал среќа да удри чиракот, не да удри мајсторот. Башка знае мајсторот да удри и да не стигне до болница пациентот. Е сега, тука е разликата. Затоа мора секој пациент по направена кардиолошка интервенција стентирање или друга интервенција да разговара со својот доктор како понатаму меѓутоа и со алкохолот.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.