Дали може да се продолжи договор за вработување додека работникот е на боледување?

Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.

Со закон се дава можност договор за вработување да се склучи на определено време и тоа со прекини и без прекини и тоа најмногу до три години. Во прашањето лицето јасно нè наведува што подразбира под активно боледување. Меѓутоа дали може и треба да се продолжи договорот за вработување секако одлука треба да донесе работодавачот во зависност од потребите коишто треба да се реализираат за одредено работно место и дали работникот може да одговори на обврските кои се бараат за соодветното работно место.

Тагови: