Дали може едно лице да има два матични доктори во различни градови или привремен матичен доктор?

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во член 15 од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, е определено дека само децата кои се на школување надвор од местото на живеење може да изберат лекар од општа медицина и во местото на школкување, односно само во тој случај е дозволено постоење на два избрани лекари за едно осигурено лице.