fbpx

Дали пиењето алкохол влијае на лековите за срце?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Убаво што прашавте. Сега тука е дилемата кај пациентите. Често се случува пациент да каже знаете што, јас лековите не ги пијам со алкохол ги пијам покасно. Или откако ќе се напијам лек, алкохолот ги пие покасно. Добро што е така. Зошто наеднаш лоша комбинација е да речам да се пие лекот со алкохол. Зошто имаме директна интеракција. Што е проблемот? Проблемот е 99% од лековите што ги даваме за лекување на кардиоваскуларни заболувања се со 24 часовно дејство. Логично, ние сакаме лекот да го заштити пациентот цело деноноќие. Дали е на пример притисок? Дали е аритмија? Дали е срцева слабост? Има лекови што делуваат 24 часа и ги дозираме еднаш  на ден. Има лекови пократко делуваат и ги даваме два пати на ден. Меѓутоа што сакам да кажам независно кога ќе го испие лекот, независно кога ќе го испие алкохолот тие во организмот доаѓаат во интерреакција и тоа не директна интерреакција.

Црниот дроб сите знаеме е лабораторија, централна лабораторија. Значи се поминува низ црниот дроб, нешто се елиминира преку бубрезите. Меѓутоа најголемиот дел токсините во организмот, лековите дел од лековите да се активираат поминуваат преку црниот дроб трпат промена во црниот дроб и тогаш се активни. Тоа е случај и со хормони и со други работи. И алкохолот поминува преку црниот дроб. Црниот дроб е тој што го метаболизира алкохолот и потоа го елиминира. Е сега, тука проблемот алкохолот поминувајќи преку црниот дроб има интерреакција со лековите.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.