fbpx

Дали по кардиолошка интервенција пациентот може да си продолжи со нормални активности?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Тоа зависи од моментот дали е навреме интервенирано. Ако е интервенирано навреме и ако нема оштетување на срцето или на крвните садови коешто е трајно, тогаш квалитетот на животот може да биде и подобар. Проблемите коишто ги имале пациентите за да дојдат на интервенција, после тоа ги немаат. Брзо се враќаат во нормален и редовен живот. Е, сега во случај ако има претходно оштетување коешто е трајно, тогаш тоа може да влијае врз квалитетот на животот, во зависност од тоа колкав е степенот на оштетување.