fbpx

Дали при повреда на работно место за боледување подолго од 21 ден се исплаќа 100% од плата?

И дали се губи правото на 13-та плата заради боледувањето?

Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.

Тука најверојатно се работи користење на законското правото за бонус за прекувремена работа од 150 часа во текот на годината кај работодавач. Доколку работникот значи во текот на годината работи 150 часа прекувремена работа има право од надоместок во висина од една просечна плата на ниво на републиката. При тоа работникот во текот на годината не треба да отсуствува повеќе од 21 ден во кои што денови на отсуство не се засметуваат деновите од годишен одмор. Во деновите од 21 ден не се земаат во предвид причините за отсуството и затоа работникот којшто има отсуство повеќе од 21 ден без разлика на основот за отсуство нема право на утврдениот бонус.