Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Доколку школувањето и стручното усовршување на полнолетното дете продолжува тогаш обврската на родителите за негово издржување продолжува до завршување на ова образование, но најдоцна до 26 годишна возраст. При тоа родителите доколку се во брачна заедница одговорноста е заедничка и ја остваруваат со меѓусебен договор. Додека ако бракот е разведен во тој случај судот со судска пресуда треба да одлучи за обврската на родителот со кого детето не живее, односно на кого не му припаднало старателството колку ќе изнесува износот на издршката односно алиментацијата. При тоа во семејните односи меѓу кои и утврдувањето на издршката односно алиментацијата на децата не е потребен адвокат, односно не е потребно застапување од адвокат.