Дали пријавување на вработен на пола работно време може да се направи електронски или мора на шалтер?

Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.

Пријавувањето на работникот е јасно пропишано со членот 13 од Законот за работни односи, односно во законот е предвидено со стапување на работникот на работа, работодавачот да пополни пријава и одјава тоа е М1 М2 образец,  кој електронски е достапен на сајтот на Агенцијата за вработување и истиот може да се отпечати. Значи законот предвидува пријавувањето да може да се врши непосредно и електронски со приложување на ППР образец пред работникот да започне на работа. Меѓутоа, законот предвидува и обврска работодавачот на работникот да му издаде фотокопија од пријавата или пак извод од електронскиот запис од Агенцијата за вработување како доказ дека работникот е пријавен во рок од три дена и тоа од денот на започнување на работа.

Тагови: