Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Факт е дека во последно време се почеста е појавата и за видео надзор на работните места и во нашата земја. Меѓутоа постојат повеќе факти, аргументи и причини дали навистина тоа е потребно за секое работно место работникот да биде следен со камери од страна на работодавачот затоа што постојат повеќе алатки и механизми кои се применуваат со цел да може да се следи работникот во однос на извршување на работите и работните задачи коишто се предвидени согласно пописот и описот на работните места и кои се бараат од работникот да оствари одредени резултати во одреден временски период. Меѓутоа постојат и оправдани причини кога тоа е потребно како што е на пример од аспект на заштита на безбедноста на работникот, понатаму за заштита на здравјето на работникот. Тука ќе ги споменам работните места во банка во продавница.
Меѓутоа кога се поставуваат камери, односно видео надзор на работните места работникот претходно треба да биде известен, треба да постојат јасно определени причини за поставување на видео надзорот. Понатаму треба да се води сметка за заштитата на личните податоци на работникот односно видео надзорот не смее да се поставува во гардероби, тоалети итн. Значи ако постојат јасно определени причини за коишто работникот треба претходно да биде известен во тој случај на одредени работни места каде што споменав од кои причини би можело да се постави видео надзор меѓутоа сметам не за секое работно место имајќи предвид дека во последно време се работи од дома од далечина работодавачот таму нема потреба да поставува видео надзор за да го следи работникот во извршување на своите работи и работни задачи.