Одговара Ирена Лазарова од Централниот регистар на Република Северна Македонија.
За начинот на користење на системите на Централен регистар, односно за потребите на корисниците се прават детални и опсежни анализи, се прави нивна приоретизација и потоа се имплементираат нови проекти, односно се надградуваат веќе постоечките. Конкретно во случајов ќе го напоменеме надградувањето на дистрибутивниот систем за издавање на електронски потврди односно двата претходни системи преку кои што се издаваа електронски потврди ги вкрстивме во едно високо технолошко решение за издавање на електронски потврди односно дистрибутивниот систем.
Да одговориме на прашањата на граѓаните. Секој оној кој ќе креира кориснички налог во Централниот регистар по дифолд во апликациите каде што има пристап ќе му биде доделен дистрибутивниот систем со улога на регуларен корисник и секој еден регуларен корисник може да стане професионален корисник на дистрибутивниот систем и да ги користи електронските потврди на еден малку поразличен начин од регуларниот корисник. Зошто е тоа така? Всушност знаеме дека најголемиот дел од услугите во Централниот регистар се електронски и водиме сметка дека секој еден корисник којшто има потреба од истото да добие соодветна помош и истото да го направи на најбрз, најлесен, па и најекономичен начин.
Што значи тоа? Тоа значи дека професионалните корисници на дистрибутивниот систем во моментов по деталните анализи и нивното користење сме ги категоризирале тука банките, нотарите, сметководителите, адвокатите, извршителите, стечајните управници итн. Имаат зголемена потреба од секојдневно вадење на тие електронски документи и веднаш по надградувањето на системот дозволивме овие категории на корисници да можат и самостојно да креираат, да конфигурираат свој пакет на потврди земајќи ја во предвид тарифата и согласно тарифата системот им пресмета соодветен попуст и на тој начин поекономично да ги користат електронските потврди. Значи секој регуларен корисник којшто веќе креирал кориснички налог може да стане професионален корисник на оваа услуга дистрибутивен систем, одделението за маркетинг и односи со јавност кое што воедно е грижа на корисници ги администрира и сервисира овој тип на корисници е постојано достапна и може во било кој момент да нè контактираат за да дадеме соодветна помош за секој еден корисник на овој систем.