fbpx

Дали станар може да постави клима било каде во зградата?

Во нашиот случај, во станбена зграда е ставена огромна клима од надворешната страна на тераса. И кога ќе застанеме на тераса буквално нѝ е надвисната над глава. До која институција да се обратиме бидејќи станарот одбива да ја тргне?

Одговара Љупчо Довичински од Регулаторната комисија за домување.

Во зависност од конкретната ситуација, постојат два начини за регулирање на ваквиот проблем. Кај новите градби согласно законот, во проектите е дефинирана местоположбата на фасадите за поставување на клима уреди. Кај постоечките постари згради, за поставување на каков било елемент – клима уред, реклами, антени и слично, мнозинството на сопственици донесува одлука со која се регулираат овие прашања.