Одговара Ќемал Ќамили од Регулаторната комисија за домување.
Согласно член 16 од Законот за домување со посебните заеднички делови управуваат сопствениците на посебните делови на кои им припаѓаат овие заеднички делови и ги поднесуваат сите потребни трошоци за тие делови, во зависност од големината посебните делови. Трошокот за поправки, одржување на хигиена и слично во гаражен простор го поднесуваат оние сопственици на посебни делови кои поседуваат гаража (гаражен простор), а се уредува со посебен договор за заемни односи.