fbpx

Дали здравствените сертификати за домашни миленици се задолжителни при патување?

Одговара Пандорче Тренковска Спасовска од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Да, доколку сакаме да патуваме, тој здравствен ветеринарен сертификат којшто е меѓународно признато уверение со кој што се потврдува дека животното значи дека е прегледано дека е здраво прочистено од глисти, заштитено против болви и крлежи, вакцинирано против беснило. Тој ветеринарно здравствен сертификат го издава официјален ветеринар од секторот за инспекција од нашата држава и треба да се нагласи дека тој ветеринарно здравствен сертификат е различен за земји кои се членки на Европска Унија и земји кои не се членки на Европска Унија. Па така животното патува со својот сопственик значи транзит во Европска Унија, крајната дестинација е трета земја ќе треба да извади два посебни сертификати за Европска Унија и посебно за трета земја. По тоа се разликуваат.

Инаку, постојат и ветеринарно здравствени сертификати би сакала да ги упатиме сопствениците дека има сертификат за некомерцијално движење. Што претставува тоа? Кога конкретно еве сега за време на летните одмори сопствениците ги понесуваат своите миленици, тој сертификат гарантира дека сопственикот го носи својот миленик дали за патување, привремен подолг престој, евентуално на лекување или изложби. При што сопственикот нема да го продава својот миленик и постојат ветеринарно здравствени сертификати за комерицијално движење што значи дека лицето го пренесува до границата за име на дестинација, каде што другото лице кој што го купува миленикот ќе го превземе и неговата одговорност ја сносува тој. Треба да нагласиме дека тие здравствено ветеринарни сертификати може сопственикот да се врати со истиот сертификат доколку не помине валидноста на вакцинацијата против беснило од една година. Што значи доколку остане подолго време во земјата на дестинација, а помине валидноста на вакцината ќе мора да се изврши повторно вакцинација во таа земја и да се изврши нов здравствен сертификат за да може да влезе во сопствената држава.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.