Одговараат од Министерството за труд и социјална политика
Согласно Законот за семејството во постапката за развод на брак и доверување на дете судот одлучува за висината на издршката која треба да ја плаќа родителот со кого детето не живее. Во овие постапки судот ги применува одредбите од Законот за парнична постапка.
Согласно Законот за семејство родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца, а доколку се на редовно школување родителите се должни понатаму да ги издржуваат до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до 26 годишна возраст, без исклучок.