Одговара Иван Живковски од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Скопје главен центар за услуги е катастарот за недвижности - Скопје, којшто се наоѓа во општината Карпош. Меѓутоа и покрај тоа ние имаме уште два шалтера од кои едниот е во Драчево, каде што ги опслужува Драчево, Зелениково, Студеничани. И од скоро време на тој шалтер граѓаните може да поднесуваат секаков вид на барања што за разлика досега претставуваше пречка, бидејќи на истиот шалтер може само да се поднесуваат ограничен број на барања. Сега можат сите услуги практично да бидат пружани таму и со тоа сметаме дека им даваме на граѓаните сериозно олеснување со тоа што ако земеме пример еден жител на Драчево треба да патува повеќе од 15 километри во еден правец и 15 во друг тоа се повеќе од 30 километри за да поднесе едно барање. Сега тоа може да се направи директно на шалтер и практично се скратува и време и пари за граѓаните.
Исто така, имаме уште еден шалтер во Скопје којшто е во рамки на владината интеграција на системот е услуги којшто се наоѓа веднаш до Камениот Мост, народски кажано во стара Комерцијална Банка исто и таму може да се поднесат. Меѓутоа и сите барања можат да се поднесат како и претходно напоменав како и што претходно ви напоменав преку професионалните корисници коишто ги наведов претходно. Исто така, катастарот има подрачни одделенија во 29 градови низ Македонија каде што граѓаните согласно местото за живеење може да поднесуваат онаков тип на барања што им се потребни.