fbpx

Како алкохолот влијае на кардиоваскуларното здравје?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

За да нема забуна мора да пратиме јасна порака. Велиме кај повеќето луѓе доколку пијат умерени количини на алкохол не се очекува штета по кардиоваскуларното здравје. Значи да се повторам доколку пијат умерена количина алкохол не се очекува штета. Сега прашањето од милион долари е: „Што е тоа умерено консумирање на алкохол?“ Проблемот кај нас е, нашата традиција налага да се дигне чашка, да се наздрави на секоја прослава и секогаш викаме на здравје, живели, на здравје да си го продолжиме векот. Ако се внесува неумерено алкохолот дефинитивно прави штета, штета по многу системи. Еве само ќе споменам алкохолот доведува до развој на карцином на дебелото црево, желудникот, езофалусот. Кај жените доведува до карцином на дојката, значи го зголемува ризикот процентуално за 12 до 15% за развој на карцином на дојката. Значи сериозна бројка.

На кардиоваскуларното здравје неумерен внес на алкохол може да доведе до директно оштетување на мускулот. Миокардиопатијата се нарекува алкохолна миокардиопатија што значи го ослабува мускулот. Ја ослабува пумпата и имаме слабо срце кое што не може да си ја заврши функцијата и не можеме да функционираме нормално како и претходно. Може да биде причина за неправилна работа на срцето, односно аритмија. И најчесто тоа се брзи аритмии каде што срцето работи неправилно, работи брзо што носи ризик од други компликации, како тромбози, тромбемболии, мозочен удар или срцев удар.

Дефинитивно има врска помеѓу алкохолот и високиот крвен притисок. Неумерен внес на алкохол долготрајно доведува до пораст на крвниот притисок, а зголемениот крвен притисок е еден од основните причини за појавата на срцевиот удар, за развој на артериосклерозата, за појавата на мозочниот удар. Може да набројувам има многу штетни влијанија кои што се недвосмислено докажани на алкохолот врз срцето и крвните садови. Реков користа е мала за да го користиме како лек за превенција на кардиоваскуларни заболувања.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.