Како безбедно да се намали телесната тежина?

Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Прекумерната тежина подразбира вишок на масти коишто се собрани во телото. Имаме два вида на распоредување на дистрибуција на мастите во телото, па имаме форма на јаболка и форма на крушка. Вака едноставно и секој може да се пронајде. Формата на јаболката значи дека таложењето на мастите околу стомакот и половината и тука проблемот е што мастите не се само под кожата туку во органите и меѓу органите.

Црниот дроб, панкреасот, слезината тоа се наречени висерални масти кои што велиме дека се поштетни затоа што можат директно да ја нарушат функцијата на органите. Кај дистрибуцијата како форма на крушка мастите се повеќе околу колковите, околу лутеусите односно задникот. Тие се повеќе под кожата, помалку околу органите. И велиме дека ризикот од кардиоваскуларните заболувања е помал. Меѓутоа морам да потенцирам самиот вишок на масти независно каде е наталожен предизвикува воспалителна реакција, односно промовира артериосклероза така да нема вишок на масти кои што не е штетен.