Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Според Законот за семејство судот одлучува по барање на еден од родителите за измена на судската одлука со кое детето се доверува на грижа и воспитување кај едниот родител. Тоа подразбира да бидат променети околностите затоа што законот не предвидува рок во кој може да се поднесе барање туку за тоа судот цени дали се изменете околностите во моментот кога прв пат одлучил во смисла дали родителот се грижи доволно за детето и дал и неговите најдобри интереси ги штити. Истото се гледа каков е статусот? Во каква средина живее детето? Судот може да ја потврди претходната одлука и може да ја измени по претходно прибавено мислење од Центарот за социјална работа.