Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Генерално нашиот закон е многу либерален во однос на донациите, зборувам за законот во Македонија затоа што дозволува има донирани јајце клетки, донирани сперматозоиди од познат член значи е тој член од семејството може да е сестра, братучетка, роднина, пријателка што сака да донира. Тоа се регулира нотарски и се заверува и таа пациентка поминува низ циклус на стимулација каде што се добиваат јајцете клетки, а потоа кога ќе се оплодат со спермата на мажот да кажеме се враќаат во пациентката која нема свои јајни клетки или има повеќе години и нема квалитетни јајни клетки. Меѓутоа тоа малку има своја етичка и морална димензија така да повеќето од пациентките се решаваат да бараат донирани јајни клетки од така наречени банки за криопрезервирани јајни клетки, сперматозоиди и ембриони. Такви банки има повеќе. И нашата клиника има потпишано со четири такви банки каде што може пациентите да одберат некакви карактеристики на донорот коишто тие ги посакуваат или личат на нив и на тој начин материјалот биде што повеќе генетски сличен на она што го поседуваат самите родители. Такви пациентки на годишно ниво има и тие треба да поминат специфична процедура во Министерството за здравство, меѓутоа има 250 до 300 на годишно ниво.