Одговара Билјана Стефанова од Министерството за внатрешни работи.
Во оправдани случаи кога се работи за болест или тешки душевни болести или траен инвалидитет Министерството за внатрешни работи излегува во пресрет на овие граѓани со тоа што се користи мобилна станица за да може овие лица се стекнат со лични документи. Барањата во овие случаи се поднесуваат на тој начин што член од семејството или лице задолжено за да се грижи за болното лице доаѓа во просториите во соодветниот сектор за внатрешни работи тука се пополнува барање се доставува медицинска документација со која се потврдува спреченоста на лицето за да дојде во нашите простории. Се врши уплата и се договара терминот за сликање.
Сликањето со мобилна станица се врши во домашни услови, болнички установи или некоја друга установа каде што е сместено лицето и во моментов во домашни услови. Се врши сликање само за лична карта затоа што тоа е задолжителен документ кој неопходно е граѓаните да го имаат, а за патна исправа се сликаат и лица во болнички установи кога станува збор за некои итни патувања поради операции или некои други захвати. Во моментот Министерството за внатрешни работи има покриеност од осум мобилни станици во сите осум сектори за внатрешни работи којшто се пак задолжени да ги опслужуваат останатите отсеци коишто се под нивна надлежност.
Исто така во овој дел сакам да напоменам ова категорија на граѓани не се изложени на дополнителни трошоци за мобилната станица значи барањата се примаат како во редовна постапка, односно ако личната карта чини за оние коишто ќе дојдат во просториите лично 310 денари, истата сума ја плаќа и корисникот на мобилната станица. Меѓутоа одделот за граѓански работи без разлика што се наплаќаат како редовни ги одобруваме како итни за да можат побрзо да бидат изготвени и на тој начин да дадеме колку можеме допринос за граѓаните да им излеземе во пресрет заради ситуацијата во која се наоѓаат.