Одговара Јана Иванова од Македонското здружение на млади правници.
Кога доверителот ќе добие извршна судска пресуда може да поднесе барање за извршување до извршител по доставувањето на извршната исправа. Извршителот е должен да постапува по барањето, да бира средства за извршувањето како и предмети на должникот заради целосно извршување на извршната исправа. Извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето освен доколку не постојат услови за негово изземање од случајот или доколку нема сознанија дека по истата извршна исправа се постапува кај друг извршител. Доверителот може да го повлече барањето за извршување, а потоа да поднесе ново. Ако извршувањето е веќе започнато повлекувањето причини некаква штета на должникот за не ќе одговара доверителот. Доколку доверителот не е задоволен од работата на извршителот може да поднесе претставка до Комората на извршители и до Министерство за правда.

