fbpx

Кога треба да се започне со редовни кардиолошки прегледи?

Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Во повеќето земји, од дваесеттата година веќе се препорачуваат некои рутински проверки на кардиоваскуларниот систем, контрола на притисокот, срцевата фреквенција, правилноста на работата на срцето. Во тие семејства каде што има податок за рани кардиоваскуларни заболувања или ненадејна смрт, мозочен удар, срцев удар, а особено на помлада возраст – тука треба да се почне и порано. Во САД, на педијатриската возраст веќе и од петтата или шестата година се прават рутински скрининзи на кардиоваскуларниот систем.